Тајната на успехот на Германија во Пјонгчанг – илјадници литри пиво

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Тајната на успесите на германската олимписка делегација во Пјонгчанг е доста интересна – пивницата Кромбахер им донирала на спортистите цели 3.500 литри за консумација за време на Зимската олимпијада. Важно е да се нагласи дека, сепак, станува збор за безалкохолно пиво, кое германските пиварници го нарекуваат „пиво за возачи“, кога за прв пат го измислија предметниот пијалок во 1973 година во Источна Германија.

Лекарот на германскиот состав во Пјонгчанг открива дека уште во 2009-та разбрал за корисното дејство на безалкохолното пиво, кога имал истражување на оваа тема за време на маратонот на Минхен. Спортистите кои пиеле ваков тип на пиво имале значително помалку штета на телото по завршувањето, од оние кои добиле плацебо.

Токму за тоа во Пјонгчанг пред и по тренинзи, сите Германци пијат безалкохолно пиво и тоа очигледно им се одразува добро – тие се на второ место во генералниот пласман по медали. Тие заостануваат само зад Норвешка, за кои пак стана јасно дека имаат 6.000 дози на препарати за астма во нивниот инвентар.

Слични содржини