Науката докажала во неколку наврати дека такво нешто како ген за убавината не постои.
Овде не зборуваме за боја на очите или косата, туку за тоа колку брзо или бавно се одразуваат годините на начинот на кој изгледате.
Уникатно, единственото нешто што е важно е какви техники и грижи вложувате во својот изглед.
Јапонките се слават со исклучително негуван изглед кој се пренесува низ генерациите во форма на рутина.
Ова се добри вести за сите нас, бидејќи значи дека можеме да ги постигнеме истите резултати, доколку им ја откриеме тајната.
Па, тајната веќе е факт – ги селектиравмеза вас најдобрите козметички совети директно од Јапонија. По, првиот, еве го и вториот дел од нив:
1. Исхрана
Јапонките консумираат огромна разновидност од храна што секојдневно го преплавува пазарот. Сепак, тие се една од најпознатите нации по здравата исхрана во светот и има на што да нѐ научи. Едно традиционално јадење во Јапонија се состои од купишта зеленчук, риба и ориз. Внимавајте што конзумирате, бидејќи вие сте она што јадете.
2. Што да ставите на лицето?
Јапонките имаат едно многу едноставно правило – не ставаат на лицето ништо што не можат да го изедат. Во оваа практика има многу смисла, бидејќи нанесувањето на што и да е врз кожата влегува во крвотокот. Држете се до природните состојки.
3. Користете малку шминка
Јапонкитесе фокусираат на тоа да ги прикриваат исклучиво недостатоците со шминка, но не и да го сменат комплетно начинот на кој тие изгледаат. Тие ги избираат многу внимателно козметичките производи и гледаат на шминката како на завршеток, не на најважното нешто за лицето.
4. За нега на косата
Жените во Јапонија се многу внимателни во третманот на косата. Тие користат шампони целосно со природни состојки, како алги, на пример. Дрвените чешли се пренесуваат со генерации, и тие се многу пријателски кон влакното. Покрај тоа, задолжително е нанесувањето на природно масло кое храни и го спречува оштетувањето.
5. Веруваат во убавината
Дел од културата во Јапонија наметнува еден добар начин на размислување. Јапонките веруваат дека вистинскиот извор на убавината е внатре во самите нив – нешто што ја објаснува целосно елеганцијата, со која се познати овие дами.
Можете да го видите првиот дел тајни на убавината од Јапонија тука.