Ако некогаш сте ја посетиле Јапонија, сигурно ви оставиле впечаток локалните жени кои како без напор да емитуваат убавина.554fbcb492e8909281d891089ab76e6f

За оние кои не знаат, Јапонците се сметаат за најбавно визуелно стареечките нации, на кои годините буквално не им се забележуваат.

Кожата им е фина како порцелан, косата е густа, здрава и сјајна, а шминката им изгледа совршена, без разлика во кое време на денот ќе ги видите или колкава е влажноста на воздухот.

За да се доближиме максимално до културата во однос на козметиката и рутина за убавината, избравме неколку јапонски тајни за совршен изглед.

Еве кои се тие:

1. Масла

Јапонките користат масла на лицето, додека повеќето од нас бараат производи на водена основа. Оваа разлика всушност помага за подобрување на густината на кожата и спречува воспаленија. Тие користат чисти, природни масла како оризово, на пример. На овој начин се чисти и хидрира лицето истовремено, паралелно со внесување на голема доза витамини и антиоксиданси. Честа е употребата на масла и за тело.

2. Зелен чај

Зелениот чај е докажан антиоксидант со антибактериско дејство. Јапонците го пијат чудотворниот пијалок во големи количини и на тој начин го прочистуваат како телото, така и кожата.

3. Сонце

Јапонците се свесни за штетата на сонцето и тоа знаење е пренесувано низ генерациите. Од оваа причина, тие не користат креми за сонце во големи количини, туку наместо тоа едноставно не се изложуваат на UV зраци. Често можете да ги видите традиционалните чадори и шапки, кои ги штитат и кожата, и косата.

4. Ексфолирајте

Јапонките ја есфолираат секојдневно својата кожа, а за целта користат нежни пилинзи на водена основа. Со тоа се чисти насобраната нечистотија од порите и се одржува мекоста при допир.Чистото лице е на почит во нивната култура, па затоа е честа посетата на различни процедури како ласерско отстранување на влакна.

5. Топол туш

Жешкиот туш или када не е само хигиенска навика за Јапонката, туку вистински ритуал на убавината, кој се следи секој ден. Релаксацијата е придружена со чистење на телото со пилинг четка и е вистинско задоволство за сетилата со мирисна терапија од масла и зелен чај.