Тајните од спалната соба: Трамп и Меланија не спијат заедно

404 прегледи

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија ја сметаат за една од најтаинствените, тивки и внимателни дами кои САД ги имал. И покрај фактот дека нејзиниот сопруг е реалити ѕврзда кај која секое утре не може да помине да не објави барем твит, Меланија морала да се бори против јавното мислење дека е изолирана, дури и „заробена“ во Белата куќа.

За нејзиниот живот се напишани бројни книги, а една од најпопуларните е онаа на авторката Кејт Бенет „Free, Melania: The Unauthorized Biography“. Во неа Бенет открива сочни детали од спалната соба на контроверзниот пар. Така, Меланија Трамп навистина има своја посебна спална соба во резиденцијата.

Резиденцијата на претседателскиот пар е огромна и има околу 2.500 квадрати само простор за живеење, но нивната слобода во неа е ограничена. Имено, без дозвола на агентите од Тајната служба Доналд и Меланија не смеат да отворат ниту прозорец, не можат да се прошетаат по тревникот без тој дел да се „затвори и осигура“, а дури и температурата е регулирана од стана на сигурносните служби. Тоа значи дека Меланија не може ниту да го прилагоди термостатот како ѝ одговара.

Затоа единствената работа на која првата дама може да влијае е нејзиниот сопствен простор за спиење, а извори откриваат дека таа преферира самотија и дека не само што не спие во иста соба со Доналд, туку и тие се на посебен кат. Се чини дека убавата Словенка со тоа му пружа отпор на својот сопруг, бидејќи, наводно, таа е таа која тоа го одбива.

– Тие секаде имаат одвоени соби. Никогаш не поминуваат време заедно, ама баш никогаш – изјавил извор близок на парот за US Weekly.

Слични содржини