Тајпеј: Пет кинески авиони го нарушија тајванскиот воздушен простор

од Берта Китинска

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека забележало 12 кинески авиони и пет бродови во околината на Тајван.

Во соопштението се наведува и дека е регистрирано нарушување на тајванскиот воздушен простор од пет кинески авиони.

Од посетата на високи американски претставници на Тајван, Кина ги интензивира воените вежби околу островот, што го смета за своја територија.

Слични содржини