Тајсон Фјури објави дека се пензионира

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Тајсон Фјури на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави крај на кариерата. По 37 борби, од кои последната беше поразот од Александар Усик, британскиот боксер ги закачи ракавиците.

„Би сакал да го објавам моето повлекување од боксот. Бев благословен и сакан секоја минута од тоа. Ќе завршам со ова. „Дик Турпин“ ја носеше маската. Бог да ве благослови, ќе се видиме на другата страна“, рече Фјури.

„Кралот на циганите“ имаше само три порази во кариерата, а два беа од тупаниците на украинскиот борец претходната година. Неговата последна борба беше против Александар Усик на 22 декември, каде што загуби со едногласна одлука по 12 рунди.

Тајсон Фјури се истакна на боксерската сцена со триумфот над Владимир Кличко, освојувајќи ги појасите на ВБА, ИБФ и ВБО. Во текот на кариерата имаше феноменална трилогија со Дионте Вајлдер, а Усик е првиот и единствен борец кој го победи Британецот. „Кралот на Циганите“ се повлекува со скор од 34-2-1 и 24 нокаут победи, а во своето резиме има и борба со ММА борецот, Френсис Енгано.

Повлекувањето е изненадување за сите љубители на боксот, бидејќи неодамна се шпекулираше за големото британско дерби меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа. Сепак, како што стојат работите, ништо нема да излезе од тој дуел, барем не во професионална атмосфера.

Слични содржини