Тајсон никогаш не ја преболе смртта на својата четиригодишна ќерка

од Vladimir Zorba

Додека беше на врвот на својата кариера, никој не веруваше дека нешто може да го разниша славниот боксер Мајк Тајсон. Легендарниот спортист беше познат и под прекарот „Железниот Мајк“, и ништо не му претставуваше проблем во рингот. Она што целосно го здроби, беше целосно надвор од неговата контрола, а тоа е смртта на неговата четиригодишна ќерка Егзодус. И денес плаче на споменувањето на нејзиното име.

Мајк беше на пат кон Лас Вегас на тој кобен ден 2009 година, додека остатокот од неговото семејство беше дома во Аризона. Егзодус и Мигел Тајсон си играле низ куќата додека нивната мајка чистела. Додека девојчето си играло, некако и се закачил кабел околу вратот, кој бил прикачен на трака за трчање.

Во еден момент, мајката му рекла на Мигел да оди да види што прави девојчето, а тој го пронашол нејзиното безживотно тело. Мајката го одврзала кабелот, повикала брза помош и и дала вештачко дишење на својата ќерка, но веќе било доцна. Додека Мајк пристигнал дома, Егзодус веќе била почината во болница од здобиените повреди.

Тајсон подоцна призна дека не знае како да се справи со смртта на неговата ќерка, а во искрено интервју, тој исто така раскажа како реагирал на сè. Тој раскажа како му бил првиот инстинкт да земе пиштол и да подиви, но успеал да се смири. Кога го видел телото на неговата ќерка, бил обземен од шок и тага и рекол дека не би го посакал тоа чувство дури и на неговиот најголем непријател.

Тој даде неколку интервјуа по смртта на неговата ќерка, но ниту едно не можеше да трае до крајот затоа што ќе почнеше да плаче, а тој не можеше ниту да зборува. Рече дека никогаш нема да се опорави од нејзината смрт. По смртта на Егзодус, Мајк доби уште две деца, ќерката Милан и синот Мароко. Освен нив ги има и Мајк Лорна, Мигел, Рајна и Амир од претходните врски и бракови.

Слични содржини