Актуелно
Почетна / Спорт / Тајсон: Ослабев 30 килограми!

Тајсон: Ослабев 30 килограми!

Мајк Тајсон може е во средината на 50-тите години, но неговата шампионска волја не опаѓа. Најмладиот светски шампион во историјата никогаш не престанува да се воодушевува.

По серија импресивни видеа во кои тренира, тој сега призна дека изгубил 30 килограми.

„Почнавме да тренираме, влегов во режим. Јас имав 130 килограми, а сега имам 100 – се чувствувам одлично“, изјави Тајсон за „FightHype“.

Мајк неодамна ја покажа својата форма со фотографија на социјалните медиуми.

„Се чувствувам незадржлив во моментов. Како да сум повторно на својот врв. Боговите на војната сакаат јас повторно да се борам“, додаде поранешниот бр.1 во тешка категорија.

Идејата на Мајк Тајсон е да организира добротворни натпревари. Постојано се шпекулира за името на неговиот прв ривал по 15-годишна пауза.

loading...