468
Легендарниот Мајк Тајсон ќе се врати во рингот на 28 ноември, по пауза од 15 години, каде ќе се бори против Рој Џонсон Јуниор, а во гостување на телевизијата Фокс, се присети на мечот со Ивандер Холифилд, на кого тогаш му одгриза парче од увото.
На прашањето дали би го сторил тоа повторно, Тајсон се предомислувал, а потоа рекол дека не сакал да застане кај увото.
– Не, не би … Ма да и би можел. Ако заслужи да биде гризнат, тогаш ќе го гризнам. Во тој момент сакав да го убијам, но го гризнав. Бев бесен, затоа што тој беше подобар, затоа што ме удираше во главата, насекаде… Јас сум таков, не дозволувам никој да ми ја земе славата – изјави Тајсон.
„Познавам многумина кои немаат храброст да влезат во рингот без алкохол“, додаде тој.