На летот Сан Франциско – Флорида се случил инцидент кога еден патник во авионот ја видел боксерската легенда Мајк Тајсон како седи пред него, па решил да се пошегува. Сепак, ова ќе го памети цел живот бидејќи малку претерал и на крајот бил претепан од „Железниот“ Мајк!
Како што може да се види на снимките објавени на социјалните мрежи, Тајсон силно го удира сопатникот во седиштето зад него, при што лицето не пружило никаков отпор.
Mike Tyson seemed to lose his cool on a plane on Wednesday night … repeatedly punching a man in the face after the guy had apparently annoyed him. https://t.co/0623EXLgmQ
— TMZ (@TMZ) April 21, 2022
Се испоставило дека патникот бил во алкохолизирана состојба и дека постојано го провоцирал Тајсон.
A man was HARASSING Mike Tyson on a Jet Blue flight, and Mike had to put hands on him to stop the harassment. pic.twitter.com/NDjrfntrxn
— Tariq Nasheed 🇺🇸 (@tariqnasheed) April 21, 2022
Кога авионот слетал, Мајк Тајсон излегол од авионот како ништо да не се случило, а на патникот му била укажана прва помош. Сето ова наводно патникот го пријавил во полиција, а останува да се види дали ќе биде покрената истрага.