Легендарниот боксер Мајк Тајсон реши да лансира нов производ со својата компанија, а тоа беа бонбони со специфичен облик и вкус на канабис.
Имено, Тајсон е сопственик на компанија од Калифорнија, која одгледува и продава производи од канабис на имотот „Ранч Тајсон“.
Претходната година компанијата имаше одредени потешкотии, но излезот од кризата го најдоа во бонбоните од канабис во форма на „гризнати“ уши.
Ова јасно асоцира легендарниот меч од 1997 година, во кој Тајсон се сретна со Ивандер Холифилд.
Холифилд дојде до победата затоа што Тајсон беше дисквалификуван, бидејќи во клинч по втор пат го гризна увото на противникот. Во таа прилика Тајсон успеал да касне дел од ушната школка.
По мечот Тајсон изјави дека тоа е одмазда за валканите удари на Холифилд во главата.
Mike Tyson’s weed company is making edibles in the shape of an ear. Genius pic.twitter.com/VOU3uAMzOf
— Greg Baroth (@gbaroth) March 14, 2022