Тајсон станал предмет на потсмев откако се посрамотил на рингот (видео)

од Nikola Popovski

Мајк Тајсон се појавил на рингот синоќа и повторно бил гостин меѓу кечерите на „AEW“ Федерацијата.

„Железниот“ Мајк после десет години се соочил Крис Џерихо, човек кој во 2010 година го одглумил неговиот нокаут.

Во рингот се создадло т.н. нова „пресметка“.

Секако, започнала и исценирана борба, но сите зборуваат за тоа што се случило пред почетокот на дуелот.

Легендарниот боксер имал огромни проблеми со кинење на дресот.

Тој не успеал да го искине и да го соблече, но некако успеал да се извлече и конечно да започне со борбата.

Потоа, во рингот настанал хаос, но секако сето ова било претстава за гледачите на малите екрани.

Фановите, сепак, наскоро започнаа да се шегуваат за „Железниот“ за фактот дека не успеал да ја искине маицата.

Слични содржини