220
Боксерската легенда Мајк Тајсон е фотографиран на аеродромот во Мајами во инвалидска количка и со бастун во рацете.
Поранешниот шампион во тешка категорија, кој има 56 години, изгледаше во добра форма, но не се движеше сам. И покрај проблемите, тој застана да се слика со обожавателите.
Во последно време има сериозна загриженост за здравјето на „Железниот Мајк“.
Пред неколку недели беше фотографиран како си помага со бастун низ улиците на Њујорк.
Според весникот Дејли Мејл, Тајсон боледува од ишијас, нешто што и претходно му претставувало проблем на шампионот.
Пред 2 години Тајсон имаше проблеми со ишијас. Пред само еден месец, пак, тој ги шокираше сите со објавата дека мисли дека наскоро ќе умре.