Тајван: Кина истрела 11 балистички проектили во близина на нашите брегови (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Кина денеска лансираше 11 балистички ракети Донгфенг во водите во близина на северниот, јужниот и источниот брег на Тајван, соопшти тајванското министерство за одбрана.

Лансирањето беше организирано во неколку бранови, почнувајќи малку пред 14 часот по локално време и траеја околу два часа.

Тајванското Министерство за надворешни работи соопшти дека потегот на Кина ја загрозува националната безбедност на островот и ги ескалира тензиите во областа.

„Нерационалното однесување на Кина ќе го промени статус квото и ќе го поткопа регионалниот мир и стабилност“, соопшти Министерството.

Кина соопшти дека спроведува воени вежби околу Тајван чија цел е „блокада, напад на морски цели, напад на копнени цели и контрола на воздушниот простор“.

Ситуацијата околу Тајван драматично се влоши по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, и покрај острите и бројни предупредувања од Пекинг дека тоа ќе предизвика далекусежни последици. Кина го смета Тајван за дел од својата територија.

Во моментот кога беа истрелани проектилите, војската на Тајван издаде соопштение во кое се вели дека нивните сили се во состојба на готовност и внимателно ги следат кинеските вежби.

„Министерството за национална одбрана нагласува дека ќе се придржува до принципите на подготовка за војна без да бара војна, со став да не ескалира конфликтот и да предизвикува спорови“, се вели во соопштението.

Слични содржини