Кога Јеини Саенз, музички уметник и диџеј од Венецуела, објави видео од крштевката на нејзиниот син Арата на социјалните мрежи, храбрата облека што таа ја избрала за оваа пригода им падна во очи на многумина.
Како што се гледа на видеото објавено на TikTok, Јеини чекорела пред олтарот во прилично отворен и тесен бел фустан кој ги истакнал нејзините облини. Тоа видео е веќе прегледано пет милиони пати, а пристигнаа и многу коментари.
@yeinnysaenz Fue increible este dia!🤍
Но, мислењата беа поделени.
Многумина рекоа дека фустанот е премногу храбар за таа пригода. „Така си дошла во црква?!“, „Во кој стриптиз бар работиш?“, „Боже зарем вака облечена се стои пред олтар!“, се дел од коментарите кои се појавија под видеото.
Но, други коментираа дека Јеини изгледа апсолутно убаво и беа воодушевени од нејзината храброст да облече таков фустан.