37
Лице нападнало таксист од Косово пред Меѓународниот аеродром – Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„На 16.11.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје, Ф.С.(34) од Косово пријавил дека околу 18.30 часот пред зградата на Меѓународен Аеродром Скопје, во своето такси возило со косовски национални ознаки бил физички нападнат од едно лице“, појаснуваат од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.