Претседателот на Собранието Талат Џафери ги повикал членовите на ДИК во Собранието, дознава Плусинфо неофицијално.

Според законските процедури оставките на членовите на ДИК треба да бидат констатирани на собраниска седница.
Осум членови на ДИК во минатата недела под притисок на јавноста поднесоа оставки откако беше обелоденето дека на затворена седница во ноември си поделиле огромни бонуси, а одлуката за тоа беше објавена дури откако граѓаните побараа парите да ги вратат во буџетот и да си заминат од Државната изборна комисија.
Откако законодавниот дом ќе ги констатира оставките, Џафери ќе ги извести политичките партии да достават предлози на нови членови, а потоа да се распише конкурс за нов состав на ДИК. Мандатот на изборната комисија е пет години со можност за реизбор./Плусинфо