Талат Џафери ќе координира со формирањето на најавеното собраниско тело за помирување

од desk2
100 прегледи

Талат Џафери се врати од службената посета на Чешка, но ниту тоа не помогна да почне процесот на формирање на т.н. Тело за помирување во Собранието.

Главниот предизвик на власта е да успее да ја убеди пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да делегира членови во телото, но ако се суди според синоќешниот говор на претседателот на партијата Мицкоски, опозицијата нема намера да се вклучи во процесот, кој го оцени како обид за делење на селективна правда. Побара чисто решение-закон за амнестија на сите обвинети за настаните од 27 април.

Дали власта е подготвена да даде амнестистија за дел или за сите инволвирани во „крвавиот четврток“ засега нема одговор.. Термините кои ги употребуваат се „помирување“ и „национално обединување“, но што се ќе се подразбира под нив оставаат да се дефинира во Собранието.

Премиерот Заев, индикретно сепак ја подзатвори вратата за амнестија, со објаснување дека треба му остави на правосудството да си ја работи својата работа..

Засега единствено позитивни сигнали за евентулана амнестија испрати лидерто на ДУИ, Али Ахмети, кој во интервју деновиве рече дека 27 април бил тежок ден, но кавлификацијата за тероризам ја оцени за престрога…. „Против“ се Алијансата за Албанците и Беса, кои сметаат дека тоа би бил сериозен удар на правната држава.

Американскиот заменик- помошник државен секретар Метју Палмер, за време на посетата на земјава рече дека земјава има потреба и од помирување и од одговорност, но смета дека политиката може да најде рамнотежа меѓу двете работи, без да се загрози владеењето на правото./Kanal 5