194
Младиот талент на Реал Мадрид, Дани Себаљос ќе го добие посакуваното од него право да премине во Ливерпул во текот на летото, пишува шпански „Diario Goal“.
Условот 21-годишниот фудбалер да пристигне на „Енфилд“, е да биде под наем за една година, по што да се купи од англискиот тим при соодветна понуда и желба од страна на „белите“.
Себаљос има две натпревари во лигата оваа сезона и седум други настапи. Тој има уште 3 натпревари за Кралскиот куп и 4 пати влегол во Лигата на шампионите.
Повеќе од очигледно е дека талентот не добива доволно минути на „Сантијаго Бернабеу“ и тој треба да побара друго место за својот развој.