Талески: ДПМНЕ има најкатaстрофално владеење во 70 општини од плурализмот во државата

од Nikola Popovski

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески во емисијата „Студио 10“  истакна дека ќе има редовни претседателски и редовни парламентарни избори.

-Изборите ќе бидат во редовен термин и одвоени, роковите се одредени со уставот и законите и тоа претседатлските избори мора да се одржат 60 дена до завршување на мандатот на актулениот претстедател, а парламентарните 90 дена од завршување на мандатот на актуелниот состав на парламентот, рече Талески, додавајќи дека работните групи во собрание се формирани и СДСМ стои на располагање за дискусија, во рамките на изнесениот конзистентен став.

Талески истакна дека ДПМНЕ три години цело време повторува дека само што немало вонредни избори, со цел да го лажат своето членство и да ја замајуваат јавност.

-Од ДПМНЕ добро знаат каков е коалицскиот потенцијал на СДСМ и се покажува дека е фаворит на избори. Прво на претседателските избори ќе победи кандидатот на СДСМ, а потоа по паралментарните СДСМ ќе ја предложи новата влада, порача Талески.

Тој додаде дека ДПМНЕ се плаши од избори, бидејќи народот го препознава нивното лошо владеење на локално ниво.

-Факт е дека ДПМНЕ има најкатaстрофално практицирање на власта од плурализмот во државата во 70 општини, каде градоначалниците не реазлизирале ниту еден проект, туку прва одлука им е да удрат по џебот на граѓаните, нагласи Талески.

Слични содржини