Талески од Сава пензиско друштво: Наградата „Најдобар пензиски фонд – Македонија“е доказ дека се движиме во вистинската насока

од Vladimir Zorba

Заштедата во третиот столб, односно доброволниот пензиски фонд е можност за индивидуално капитализирано штедење кое е целосно доброволно и зависи од личната одлука на секој член. Целта на доброволното пензиско штедење е да се соберат средства врз основа на уплата на придонесите на членовите и да се инвестираат средства, со цел да се зголеми вредноста на средствата и да се обезбедат членовите со повисоки примања во пензија и пристоен животен стандард во староста, вели во интервју за Бизнис Инфо, Петар Талески, Претседател на Управен одбор на Сава пензиско друштво а.д Скопје.

-Остварените резултати секоја година ги рангираат пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво во сферата на стабилноста на инвестициските политики. Друштвото ја гради својата позиција преку професионално, стручно и одговорно работење, континуирана  поддршка за раст и развој на вработените и понуда на иновативни услуги креирани согласно потребите на членовите. Инвестициите во технолошката инфраструктура на Друштвото го доведоа дигиталниот свет на услугите да e сѐ поблиску до граѓаните и компаниите. А, помошта и поддршката што ја дава Сава пензиско друштво за општеството придонесоа за унапредување и подобрување на образовниот процес, здравствениот сектор, културата, уметноста. Наградата „„Најдобар пензиски фонд – Македонија“е доказ дека се движиме во вистинската насока, вели тој во интервјуто.

Слични содржини