Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски го потврди континуитетот со Ванчо Михајлов. Исто како и Христијан Мицкоски кој јавно кажа дека нема да се огради од Ванчо Михајлов затоа што е дел од контитнуитетот на оваа партија. Тоа е истата матрица на ВМРО-ДПМНЕ која се пресликува и овде, во закондавниот дом, изјави пратеникот на СДСМ, Миле Талески.
„Додека во ова Собрание, проевропските пратеници се лажно напаѓани за бугаризација и асимилација, зад грбот на граѓаните стои длабока врска меѓу ВМРО-ДПМНЕ и нивната сестринска партија ВМРО-БНД. Се отворија контраверзни бугарски клубови за да се подгреат чувствата на граѓаните, да се создаде тензија и да се нарушат односите меѓу двете земји.
Ете бугаризацијата во оваа држава кој ја прави, ВМРО – ДПМНЕ и ВМРО – БНД со заеднички именител нивниот претседател Ванчо Михајлов. Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-БНД се лонче и капаче“ рече Талески.
Затоа, додаде тој, ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, затоа е против европскиот пат на земјата, затоа не гласаа за македонски јазик во ЕУ.