Талески: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се единствената блокада на европскиот пат

од Vladimir Zorba
254 прегледи

„Стратегијата на СДСМ и коалиција е Македонија да стане членка на ЕУ. Не смееме да дозволиме да имаме внатрешна блокада од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а денешниот ден покажа дека тие работат заедно. Имаа исти говори претставниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Тие се како лонче и капаче“ рече пратеникот од СДСМ, Миле Талески во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека СДСМ има јасен план и ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ за ловење на ситни политички поени во целиот процес.

„Тие не кажаа ни еден конзистентен став. Прво велеа дека се против уставни измени, па Мицкоски кажа дека се за уставни измени, но со одредени барања, а сега предлагаат нешто друго. Време е да прекинат да работат за кариерата на Христијан Мицкоски“ рече Талески.

Пратеникот од СДСМ рече дека ВМРО-ДПМНЕ не смее да го држи во заложништво сопствениот народ и да продолжат да вршат изолација на Македонија и да го држат народот во грч, за Христијан Мицкоски да стане власт.

Слични содржини