Талибанците го забранија емитувањето на Гласот на Америка и Радио Слободна Европа

од Nikola Popovski
127 прегледи

Талибанските власти забранија емитување на радио програми од станиците Глас на Америка (ВОА) и Радио Слободна Европа (РСЕ) во Авганистан, повикувајќи се на поплаки што ги добиле за содржината на програмата.

Забраната стапи на сила денеска според директивата издадена од Министерството за информации и култура на Талибанците.

Портпаролите на талибанците не дадоа конкретни детали за наводните поплаки за информативните програми финансирани од САД.

„Авганистан има закони за медиуми и секоја мрежа за која ќе се утврди дека постојано ги прекршила тие закони ќе ја изгуби привилегијата да известува и емитува од Авганистан“, рече портпаролот на талибанското Министерство за надворешни работи Кухар Балки во писмената реакција до Гласот на Америка.

„Гласот на Америка и Радио Азади не ги почитуваа овие закони, постојано ги прекршуваа, не покажаа професионалност и затоа беа затворени“, објасни Балки.

Слични содржини