Талибанците формираат влада: За апсење на некои од нив американската влада нуди МИЛИОН ДОЛАРИ

од Nikola Popovski
299 прегледи

Талибанците објавија формирање нова влада, помалку од еден месец по заземањето на авганистанскиот главен град Кабул.

Според РТ, Талибанците почнале да пополнуваат владини позиции. Сепак, некои од луѓето кои ќе се најдат на министерски позиции ги бараат американските власти и нудат награди од неколку милиони долари за нивно фаќање.

Мула Мохамед Хасан Акунд, ко-основач и лидер на талибанското раководство, во вторникот беше назначен за вршител на должноста премиер на Авганистан, откако другите талибански лидери ја одобрија неговата номинација. Мула Абдул Гани Барадар, кој важи за фактички водач на милитантната група, е назначен за вицепремиер, изјави портпаролот на Талибанците.

Слични содржини