Талибанците ги заменија жените со мажи во администрацијата

од desk4

 

Изминативе денови Талибанците воведоа неколку забрани со кои се ограничуваат правата на жените во Авганистан. Во знак на револт денеска се одржа протест пред доскорешното Министерство за жени во Кабул, на кој десетици Авганистанки побараа право на работа и образование
Талибанците им наредија на жените вработени во градските служби во Кабул да останат дома, а на работа можат да одат само оние кои не можат да бидат заменети со мажи, изјави денеска привремениот градоначалник на главниот град на Авганистан, Хамдулах Намони.

Потегот на талибанците е последен во серијата што го прикажува нивното враќање на политиката на строго ограничување на правата на жените и нивно исклучување од јавниот живот, што ја спроведуваа и кон крајот на 90 -тите години кога владееја со Авганистан.

Слични содржини