Талибанците го преземаа граничниот премин со Иран

од Stefanija Kuzmanovska

Талибанците го преземаа главниот граничен премин меѓу Авганистан и Иран, беше потврдено денес во Кабул.

Се појавија видеа на кои се гледа како талибанските сили го отстрануваат авганистанското знаме од покривот на граничната царинарница, објави Би-Би-Си.

Преминот Ислам Кала е еден од најголемите трговски влезови во Иран, со што на владата ѝ се носат месечни примања од околу 20 милиони долари.

Талибанците брзо ги окупираат областите низ Авганистан, бидејќи припадниците на мисијата предводена од САД се повлекуваат од земјата.

Талибанските власти тврдат дека контролирале 85 отсто од територијата на Авганистан, што е невозможно да се потврди, додека авганистанската влада го оспорува тоа.

Според други проценки, талибанците контролираат повеќе од една третина од 400-те окрузи во земјата.

Авганистанската влада ја призна загубата на граничниот премин Ислам Кала во провинцијата Херат.

Портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид изјави дека преминот е под целосна контрола на талибанците.

Слични содржини