Талибанците се заканија: Америка има рок до 1 мај

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Талибанците издадоа соопштение во кое предупредуваат дека ќе продолжат со нападите врз странски трупи во Авганистан доколку американската војска не се повлече до 1 мај.

„Ќе бидеме принудени да ја браниме нашата религија и татковина и да продолжиме со џихадот и вооружената борба против странските сили со цел да ја ослободиме нашата земја“, се вели во соопштението, пренесе „Спутник“.

Изјавата на милитантната група доаѓа по првата прес-конференција на американскиот претседател Џо Бајден, за време на која тој рече дека може да биде тешко да се повлечат американските трупи од Авганистан до 1 мај.

Талибанците сметаат дека сценариото со пробивање на тој рок е кршење на договорот.
Да потсетиме, САД и Талибанците минатата година потпишаа мировен договор, со кој заврши војната во Авганистан по 18 години, најдолго што САД ја водеа во својата историја.

Договорот, кој го потпиша тогашниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, предвидува дека САД и НАТО ќе ги повлечат сите војници од Авганистан до 1 мај 2021 година, доколку талибанците ги исполнат прифатените обврски.

Бајден не ги објасни точните причини зошто САД не можат да го завршат повлекувањето на своите трупи до крајниот рок.

Слични содржини