Талибанците забранија музика

од Nikola Popovski
411 прегледи

Радикалното движење Талибан забрани музика и вработување жени на радио во централната провинција Газни.

Според авганистанската агенција Пазвок, ​​новото раководство на регионот објави нови мерки, откако движењето ја презеде контролата врз регионот.

Локалните медиуми пишуваат и дека еден од полициските началници во оваа провинција, Мохамед Хашем Галчи, се уште не е пронајден. Тој се води како исчезнат од 12 август, времето кога беше окупирана провинцијата.

Талибанците влегоа во Кабул на 12 август. Владата на земјата практично го предаде градот без борба.