„Талир 2“: Затвор од 6 години за Груевски, судот одлучи да го конфискува партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
334 прегледи

Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на казна затвор од 6 години, а поранешниот генерален секретар, Кирил Божиновски, доби условна казна од две години за случајот „Талир 2“.

Судот одлучи да се консфикува палатата на партијата ВМРО-ДПМНЕ, позната како „Белиот дворец“ како и дваесеттина објекти во сопственост на партијата.

Обвинетите се товареа за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија.

Слични содржини