376
Песната „Proud“ го освои првото место од жирито на годинашната Евровизија, обезбедувајќи ни пласман на финалната табела на седмото место.
Со ова, нашата Тамара си обезбеди препознатливост низ цела Европа и светот, а веќе имаше настапи во Шпанија, Данска и Германија.
Изминатиот викенд таа настапи во Мадрид, пред многубројна публика, а пејачката големо изненадување доживеала кога целата публика едногласно ја пеела песната која на Македонија ѝ го донесе највисокиот досега пласман на Евровизија.