Пејачката Јустина Стечковска ја претставува Полска со песната „Гаја“ на овогодинешниот евровизиски натпревар во Швајцарија. Таа се качи на сцената со танчери во високи потпетици кои ја освоија сцената со својот огнен танц.
Фотографиите и снимките зад сцената повторно го привлекоа вниманието кон танчерите, а еден од нив ја крена ногата и покажа во колку високи потпетици танцувал на сцената. Навистина импресивна вештина на која дури и многу девојки би му завидувале.
Пејачката ги воодушеви сите со моќната песна, во која спои модерна продукција и словенски етномелос, а многумина останаа без зборови кога слушнаа колку години има Јустина.
Имено, пејачката има 52 години, а изгледа неверојатно младо. Таа настапи и на Евровизија пред 30 години во Даблин со песната „Сама“. Со овој настап таа го сруши рекордот во разликата помеѓу две учества. Првпат го привлече вниманието на јавноста во 1994 година, кога победи на телевизиското талент шоу „Szansa na suкces“ со изведбата на песната „Buenos Aires“ од групата „Maanam“.
Нејзиниот деби албум „Dziewczyna Szamana“ во 1996 година беше огромен успех и ѝ донесе бројни награди, вклучувајќи ја и наградата „Фредерик“ за најдобар албум и песна на годината. Во текот на нејзината кариера, таа издаде повеќе од 15 студиски албуми, истражувајќи различни музички жанрови како што се поп, трип-хоп, џез и етно-музика.