Танц на синот на Мадона во чест на Џорџ Флојд: Кралицата на поп музиката испрати силна порака преку снимката

од Stefanija Kuzmanovska

Кралицата на поп музиката Мадона (61) објави видео на Твитер во кое нејзиниот син Дејвид Банда (14) игра на песната од Мајкл Џексон „They Don’t Care About Us“ во чест на починатиот Џорџ Флојд, но нивните добри намери не беа добро прифатени од страна на следачите на Твитер, пренесува „Телеграф“.

Мадона и Дејвид Банда се обидоа на свој начин да му оддадат почит на починатиот Џорџ Флојд, кој неодамна беше убиен за време на апсењето, додека лежел на земја, а полицаецот го притискаше со коленото на вратот.

Синот на Мадона, кој исто така е Афроамериканец како Флојд, танцува во кујната на песна од Мајкл Џексон, а тоа видео го објави Мадона на нејзиниот профил на Твитер.

Очигледно е дека овој танц му значеше на Дејвид, со оглед дека тој многу бил внесен во зборовите на песната кои зборуваат за истиот проблем – дека неправдата кон Афроамериканците во Америка е голема и не е доволно казнета.

„Бруталното убиство кружи низ целиот свет, а мојот син Дејвид танцува во чест на Џорџ и неговото семејство и се бори против расизмот и дискриминацијата кои се случуваат секојдневно во Америка“, напиша Мадона на Твитер.

Се огласија нејзините следбеници кои тврдат дека Мадона го натерала Давид да го сними ова видео и кои ја критикуваа со низа твитови. Многумина од нив веруваат дека синот на Мадона, иако е Афроамериканец, не може да разбере како е да се биде „црнец“ во Америка.

„Мадона и Дејвид сметаат дека нивното видео ќе го реши проблемот, но нема“, гласеа некои од коментарите на следбениците.

Слични содржини