Тарантино наесен ќе го снима последниот филм во кариерата, откри детали

од Stefanija Kuzmanovska
287 прегледи

Легендарниот американски режисер, Квентин Тарантино, најави дека ќе го сними својот десетти и последен филм.

За ова се зборува веќе неколку месеци.

Откако со години навестуваше дека неговиот десетти филм ќе биде последен, сега го заврши сценариото за него.

„Го завршив сценариото за она што ќе биде мојот последен филм. Претпоставувам дека веројатно ќе го снимам во текот на есента“, изјави Тарантино, чиј филм е планирано да се вика „The Movie Critic“.

Дејството на филмот ќе се одвива во 1977 година, изјави режисерот, а поради оваа временска рамка се појавија шпекулации за тоа кој би можел да биде главниот лик на филмот.

„Не е посветен на новинар и филмски критичар и не е биографски филм за Полин Кејл“, откри тој одговрајаќи на новинарски прашања.

Слични содржини