Тарантино одлучен: „Подготвен сум да завршам со снимањето филмови“

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Квентин Тарантино изјави дека е „подготвен да престане“ да снима филмови по 30-годишна кариера во индустријата.

„Подготвен сум да завршам со снимањето филмови“, изјави Тарантино во интервју за „Ара“.

Режисерот и сценарист, кој има направено класици како „Петте приказни“, „Улични кучиња“ и „Убиј го Бил“, првично изјави во 2009 година дека планира да се пензионира кога ќе наполни 60 години – што го направи на 27 март оваа година, за да „пишува романи и кино литература и слични работи“.

Режисерот ќе го снима, како што се наведува, неговиот последен филм, кој ќе се вика „Филмски критичар“.

Слични содржини