Тарантино откри кој филм го смета за најдобар на сите времиња

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Квентин Тарантино, ексцентричниот режисер чии филмови како „Убиј го Бил“ се сметаат за култни, има необичен вкус.

Откако призна дека сака да го гледа „Peppa Pig“, тој се отвори за неговите омилени филмови на новото издание на подкастот ReelBlend.

Според него, најдобар филм на сите времиња е „Ајкула“ на Стивен Спилберг.

Овој филм, снимен во 1975 година, беше меѓу првите блокбастери на Спилберг и освои три Оскари.

Се чини дека маестралната режија на Спилберг е доволна причина Тарантино да го прогласи овој филм за најдобар на сите времиња.

Слични содржини