Тарантино откри важен детал за последниот филм што ќе го сними

од Vladimir Zorba
431 прегледи

КВЕНТИН ТАРАНТИНО ги сподели деталите за тоа како ќе изгледа последниот филм што ќе го режира. Легендарниот режисер е познат по својот „план од 10 филмови“ по кој ќе се повлече од Холивуд.

Со девет снимени филмови, остана само еден, последниот филм на Тарантино. Режисерот за „The Digital Fix“ откри дека следниот филм што ќе го режира ќе биде „негова сосема оригинална идеја“.

Но, обожавателите на Тарантино ги очекуваат повеќе задоволства, како што е најавената телевизиска серија од осум дела, чија продукција треба да започне следната година.

Да потсетиме, иако сите свои филмови ги смета за „свои деца“, режисерот неодамна откри дека „Беше еднаш во Холивуд“ е неговиот омилен филм што го снимил.

Слични содржини