Тарантино размислува за пензионирање

од Vlatko K
132 прегледи

Квентин Тарантино призна дека тој „стигнал до крајот на патот“ со неговата режисерска кариера.
Холивудската легенда ќе се повлече од снимање на големи филмски продукции и одлучи да се
посвети на пишување книги и театарски продукции.

Пред списанието „GQ“, Тарантино рече: „Што се однесува до големи филмски продукции, мислам
дека стигнав до крајот на патот. Мислам дека треба да бидам посветен на пишување книги и драми
за театарот, па така ќе творам повторно. Мислам дека дадов сè што можам за филмот“.

Според негов познаник, „Once Upon a Time in Hollywood“, може да биде последниот филм на
режисерот и тој дури и не размислува да сними десетти филм.

Тарантино признал: „Ако овој филм е прифатен добро, можеби нема да снимам 10-ти по ред.
Можеби сега ќе завршам со кариерата. Можеби ќе сопрам додека сум на врвот. Ќе видиме“.
Според холивудската ѕвезда Бред Пит, кој глуми во најновиот филм на Тарантино, режисерот е
многу сериозен во врска со неговата намера да се повлече.

Слични содржини