Тарантино реализира нова верзија на „Си било еднаш во Холивуд“

од desk4

Последниот филм на Тарантино, „Си било еднаш во Холивуд“ (Once Upon A Time in Hollywood) добива нова реализација која е десет минути подолга од првичната и има четири нови сцени.

Првичната верзија на филмот, пред продукцијата, траела повеќе од четири часа, што значи дека постојат и други сцени што може ќе влезат во некоја од следните реализации.

„Си било еднаш во Холивуд“ е еден од најголемите филмски хитови во 2019, кој наиде и на позитивна и на негативна критика кај публиката.

Но, она што беше сигурно е дека секој актер од екипата го одработи својот дел и повеќе од солидно, а се шепоти и дека Леонардо Дикаприо и Бред Пит би можеле сериозно да се борат за Оскар за своите улоги во овој филм.

Слични содржини