Тарантино сонува за нова верзија на Рамбо со АдамДрајвер во главната улога

од Vladimir Zorba

Квентин Тарантино рече дека ако сака да сними добар филм, за кој би знаел дека ќе биде добар, тогаш ќе го прикаже романот „Прва крв“ од Дејвид Морел, по кој првиот филм за Рамбо е снимен во 1982 година со Силвестер Сталоне во главната улога.

„Тоа не би било римејк на „Прва крв“. Јас би го екранизирал романот“, истакна Тарантино во разговорот за подкастот „The Big Picture“.

„Курт Расел ќе го глумеше шерифот, додека Адам Драјвер Рамбо. Секој пат кога читам роман на Дејвид Морел, дијалогот е толку фантастичен што го читам на глас. Би бил толку добар филм. Но, во моментов сакам да направам повеќе од тоа. Но, ако зборуваме само за тоа како да направиме добар филм, тоа би било тоа“, објасни познатиот режисер.

Тарантино досега сними девет играни филмови, и неколку пати најави дека ќе се пензионира по десеттиот.

Романот „Прва крв“ беше екранизиран во 1982 година. Силвестер Сталоне тогаш за првпат влезе во чизмите на виетнамскиот ветеран Џон Рамбо, лик кој, заедно со Роки, несомнено ја одбележа неговата кариера,

Слични содржини