Претседателот на Алијансата за Албанците (АA), Арбен Таравари по средба со структурите на тетовскиот огранок изјави дека неговата партијата не планира да влезе во владата. Таравари рече дека периодов е фокусиран на преструктуирање на партијата.
– Ова е средба со структурите на тетовскиот огранок, редовна средба овој период, како прв човек на партијата практично ги посетивме сите ограноци, кажавме дека ќе се фокусираме на реконструкција на подограноците и заедно со Зиадин Села ги поминавме сите ограноци од Липкова до Струга и денес идејата беше да ги повикаме нашите активисти во Тетово, некои беа незадоволни, некои беа задоволни, а оние кои беа критични кон нас седнаа и разговаравме, изјави Таравари.
Таравари рече дека не се заинтересирани да влезат во владата.
„Такво нешто нема, ние моментално ја организираме партијата каде што речиси секојдневно сме на терен на средба со структурите“ – рече Таравари.
Д.Ј.