Не сметам дека Ахмети диригира во државата. Ахмети е за двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најдобар партнер во Влада. Од ДУИ нема подобар партнер. Секогаш е подготвен да се прилагоди на секоја ситуација, вели првиот човек на Алијанса на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.
Според него, генерално за општеството не е добро една партија подолго време да биде на власт.
-Ние во 2020 година стигнавме до 82 илјади гласови без ништо, без институции. Постои формула да се победи ДУИ. Во моментов, во политиката бројките одлучуваат. ДУИ има 15 пратеници и може да одлучи за предвремени избори, оценува Таравари во гостувањето на „Студио 10“.
Тој додаде дека „не може да оцени дали Ахмети пали-гаси во државата“, но прашува „зошто одредени политички кругови во државата го штитат“.