Таравари: Албанците се најлојални граѓани – дополнително ќе одлучиме дали ќе останеме во Влада ако не успеат уставните промени

од Nikola Popovski
438 прегледи

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека неговата партија дополнително ќе одлучи дали ќе остане во Владата, доколку пропаднат уставните измени. Синоќа порача дека „станале дел од Владата за да помогнат да се соберат 2/3 од пратениците и да се изгласаат уставните измени“.

-Ако тоа не се случи, тогаш ќе го свикаме централното раководство и ќе одлучиме што понатаму, дали ќе продолжиме со ова мнозинство или ќе одиме во опозиција, рече Таравари во емисијата „Клик плус“.

Според него, Албанците се најлојални граѓани во Македонија и може да ја стабилизираат, но исто така и да ја дестабилизираат државата.

-Албанците секогаш работеле во интерес на државата, многу пати до сега од 1991 година па наваму ставени се нивните интереси на страна, само државата да оди напред, кажа претседателот на АА.

Околу најавените избори, Таравари смета дека во моментов е „проблематично за нив како партија да бидат со ДУИ на една листа, но не го затвораат како прашање“.

Слични содржини