Таравари: Алијанса сама може да направи добар резултат во Гостивар, Врапчиште, Дебар, Сарај, Теарце…

од Nikola Popovski
87 прегледи

За полемиките во коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари кој го претставува едното крило на Алијанса за Албанците, изјави дека утре имаат седница на Централното претседателство на партијата и ќе одлучат како ќе продолжат понатаму, во пресрет на локалните избори. Информира дека имале неколку состаноци во рамките на коалицијата во последните денови.

Таравари демантира дека преговарал со ДУИ.

-Имаме две опции како АА – едно да продолжиме со ВЛЕН и второ да излеземе сами. Имаме одредени општини каде што мислиме дека и сами би направиле добар резултат. Нема трета опција. Гостивар, Врапчиште, Дебар, Сарај, Боговиње, Теарце, Липково…Не мислиме дека ќе победиме, но дека ќе направиме добар резултат. На крај, граѓаните одлучуваат. Сакам да ги слушнам и членовите на ЦП. Сами да излеземе, не велам дека ќе ги добиеме сите општини, но во одредени победуваме. Тука се и коалициските партнери со Турската демократска партија во Гостивар, со ВМРО-ДПМНЕ…Дајте ни да одлучиме без да брзаме. Чисто овие две опции се во игра, рече еден од лидерите на ВЛЕН на денешната прес-конференција.

Разлики во коалицијата во петокот засега биле надминати, а разговорите преминуваат во втора фаза – на работните групи, кои во рок од два до три дена треба да ги изготват сите комбинации за заеднички настап на локалните избори, вклучувајќи кандидати за советници и градоначалници.

Лидерот на БЕСА, Биљал Касами истакнува дека ДУИ може да биде поразен само со здружен напор. ВЛЕН испрати јасна порака до Таравари – останувањето во коалицијата е можно само со јасна дистанца од ДУИ. За возврат понудено му 35% од кандидатите за градоначалници и советници да бидат од Алијансата. Таравари треба да одлучи.

Несогласувањата во коалицијата започнаа по информации за тајни разговори меѓу Таравари и Али Ахмети. Од ДУИ нема реакција за евентуалната соработка со партијата на министерот за здравство.

Слични содржини