Таравари бара од Мерко веднаш да си поднесе оставка: „Алијанса е секогаш гласна кога станува збор за корупција“

од Nikola Popovski
515 прегледи

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа побара од градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко да си поднесе оставка од функцијата, откако беше ставен од американскиот Стејт Департмент на црната листа на САД.

-Јас да бев на местото на Рамиз Мерко, вечерва веднаш би дал оставка и ќе оставам друго лице да раководи со општината. Мора да се расчисти со ова. Од друга страна правосудните органи не реагираат и причина за тоа е што власта има инсталирано свои луѓе во правосудните органи. ДУИ 20 години владее со тие институции со свои луѓе. Ние како политичка партија секогаш сме гласни кога станува збор за корупцијата, рече Таравари во емисијата „Клик плус“.

Тој ја поздрави одлуката на Вашингтон за проширување на црната листа, откако веќе на неа се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Слични содржини