Таравари ја достави оставката до Мицкоски, ВЛЕН со нов координатор без неговото крило

од Љубиша Владимиров
32 прегледи

Пратеничката група на ВЛЕН, без учество на пратениците од Алијансата за Албанците лојални на Арбен Таравари, поднесе официјално барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, за промена на координаторот на групата. Нов координатор е назначен Беким Ќоку од косовското движење Самоопределување, на местото на Халил Снопче. За негови заменици се избрани пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи.

Не е јасно дали пратениците од крилото на Таравари ќе преминат во опозиција или ќе останат дел од владејачката коалиција составена од четири албански партии.

Исто така, денеска требаше да биде поднесена и оставката на министерот за здравство Арбен Таравари. Тој ја има испратено до премиерот Христијан Мицкоски, но според претседателот на Собранието, таа сè уште не е пристигната до неговиот кабинет. Таравари во оставката наведе дека одлуката ја донел по лична и професионална проценка, во интерес на институцијата и јавноста.

Слични содржини