Таравари: ДУИ е огромно зло за Македонија, карцином метастазиран низ целиот систем

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во синоќешното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ изјави дека „ДУИ е огромно зло за Македонија, карцином метастазиран низ целиот систем“ и дека со нив нема да можат да се спроведат реформи.

– Не верувам дека СДСМ има поддршка од некој пратеник од ВМРО или од друга партија, така што владата ќе има нестабилно мнозинство. Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот. ДУИ е огромно зло за Македонија, карцином метастазиран низ целиот систем. Се додека е ДУИ на власт нема да можат да се спроведат реформи, истакна Таравари.