Указот низ мрак на претседателот Пендаровски за испраќање на професорот Љубомир Фрчкоски како амбасадор во ОН во Њујорк е невиден дипломатски скандал и навреда за повеќето граѓани, од повеќе причини, вели Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса на Албанците.
Според него, „како идеолог на СДСМ и поранешен министер за полиција, Фрчкоски ги користеше истите методи на прислушување како Груевски и беше сценарист на масакрот на Бит Пазар, аферата со оружје и многу други епизоди на газење на Албанците, за кои никогаш не е одговорено“.
-Фрчкоски е познат и како албонофоб и обичен фашист. За време на војната во 2001 година, тој ги шири геноцидните тези на Милошевич, повикувајќи на протерување на Албанците преку Јадранот. Последниве години тој јавно ги опишува Албанците како „племиња”, додека декларацијата на албанските политички партии во 2017 година ја цитираше, цитирам, простете ми за изразот, како „гомна платформа”, потенцира Таравари.
Тој го повикува претседателот Пендаровски да го повлече указот на Фрчковски и „да не нанесува толку сериозна штета на интересите на државата и нејзините граѓани“.
-Ако по секоја цена сакаат да го направат Фрчковски амбасадор, единственото место каде што овој поединец би бил прифатлив е Путиновата Москва, но во никој случај престолнините на нашите западни сојузници, се изјасни Таравари.
На именувањето на Фрчкоски за амбасадор се противеше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, блокирајќи ја работата на собраниската комисија за надворешни работи, каде поранешниот министер за внатрешни и надворени работи требаше да ги презентира своите тези за оваа позиција.