Таравари: Ги поздравувам решителните чекори на Агелер, јасно е дека нашите институции потфрлија

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Ги поздравувам силните изјави и решителните чекори преземени во последните недели од страна на американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер, за започнување вистинска борба против корупцијата во Северна Македонија, напиша денеска на својот фејсбук профил в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Според Таравари, корупцијата ја уништи довербата на јавноста во институциите, ја ослабна државата и ги поткопа развојните напори.

– Ја охрабрувам американската Влада и европските партнери да го искористат целиот опсег на финансиски, технички и политички инструменти кои се достапни за поддршка на Северна Македонија кон оваа цел, бидејќи веќе е јасно дека нашите институции потфрлија, додава Таравари.

Тој потенцира дека Алијанса за Албанците е подготвена да ги понуди сите свои организациски и интелектуални капацитети за поддршка на ваквите реформски зафати.

Слични содржини