Господинот Села повикал македонската и албанската опозиција да седнат заедно и да разговараат за одредени теми кои се важни за Албанците. Господата Села и Ахмети пред се, треба да се критични дека веќе се опозиција и да се навикнат на опозиција, вели членот на ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари за предлогот на претседателот на АА, Зијадин Села за здружување на сите албански партии за да се „спречат непријателските планови кон Албанците и другите заедници“.
Сепак, Таравари истакна дека „не е проблем за разговор“,
-Со било кого, во било кое време, подготвени сме да разговараме, рече првиот човек во здравството при посетата на Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација.
Пред два дена во дебатна емисија, Села уверуваше дека со протестите најавени за месецов од страна на опозицијата во албанскиот блок, нема тенденција за дестабилизација на Македонија, туку за изразување на незадоволството за кршењето на правата на граѓаните преку кршење на легитимитетот изразен со нивните гласови.
Пратеникот упати и јавен апел до албанскиот политички фактор во Македонија. Тој бара да се здружат сите, без разлика дали се на власт или опозиција, за, како што вели, „да го спречат остварувањето на немилосрдните планови кон Албанците и другите заедници“.
„Ние сме во време кога многу добро треба да размислиме какво ќе биде однесувањето, позиционирањето, не на Алијансата за Албанците, БЕСА, или што знам, Демократското движење или како и да се вика, во однос на ВМРО-ДПМНЕ, но во однос на македонската политика. Ние овде мора да најдеме заеднички јазик за да спречиме во иднина да се реализираат планови кои не се пријателски настроени кон Албанците, но и кон другите заедници“, рече Села во емисијата „Клик плус“.